Анонимуси ја нападнаа интернет страницата на шпанскиот Уставен суд

од desk2

Меѓународната хакерска група Анонимуси ја нападна интернет страницата на шпанскиот Уставен суд.

Нападот почнал непосредно пред почетокот на вонредната седница на шпанската Влада посветена на каталонската криза.

Хакерскиот напад бил дел од кампањата наречена „Слободна Каталонија“ која Анонимуси ја објавија на социјалните мрежи, објави онлајн изданието на весникот „Вангардија“.

Слични содржини