Бејли: Сите што учествувале во настаните на 27 април да одговараат за постапките

од desk2

Сите што учествувале во настаните на 27 април да одговараат за своите постапки, но во исто време очекуваме да се почитува и презумпцијата на невиност, порача амбасадорот на Соединетите американски држави Џес Бејли по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, јави 24 вести.

Делото за кое се товарат 36 мината осомничени е терористичко загрозување на уставниот поредок за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години. Досега има две првпстепни пресуди поврзани со собраниските насилства од 27 април.

13-мина осомничени за „крвавиот четврток“ се спроведени во истражниот затвор во Шутка, а 6-мина се дома во куќен притвор. Организаторите на протестите Игор Дурловски и Богдан Илиевски завршија во Шутка. Борис Дамовски и Владо Јовановски добија куќен притвор.

Меѓу притворените се и членовите на патриотските здруженија Јане Ченто, Горан Ангелов и Илија Славевски. Судиите на претходна постапка определиле притвор за ексминистерот за внатрешни Митко Чавков, за Мунир Пепиќ вработен во агенцијата за разузнавање и обвинет во „Титаник“ за изборните нерегуларности, за Оливер Поповски поранешен шеф на внатрешното собраниско обезбедување, Душко Лазаров екс началник во МВР, Оливер Радулов од УБК кој се споменуваше дека заедно со неговито колега Сашо Марковски ги зеле хард дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието.

За разлика од Радулов, Марковски доби домашен притвор. Домот не смеат да го напуштат и Горан Ѓошевски шеф на обезбедувањето на екс спикерот, Трајко Велјановски, Митко Пешов, раководител на оддел за посебни единици.

Адвокатите најавија жалби на притворите.

Пратениците уште ноќеска беа пуштени од судот.

Слични содржини