БЕСА ќе гласа за реформите, но ниту таа ниту ДПА не влегуваат во Владата

од desk4

Разговорите на премиерот Зоран Заев со лидерот на БЕСА Билал Касами не биле за влез на оваа партија во влада, а не се преговара ниту со ДПА, тврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Средбата беше во насока на добивање поддршка во Собранието за реформските процеси. Не беше на ниво за влегување во Влада – рече Бошњаковски додавајќи дека БЕСА ветила оти ќе ги поддржи реформските закони.

 Како одговор на новинарско прашање, дали се разговара со ДПА да стане дел од владината коалиција, владиниот портпарол рече:

– Ќе го цитирам премиерот Заев: Со ДПА не се во разговори.

Бошњаковски исто така рече и дека Владата има стабилност.

Дали ќе се назначува нов министер без ресор, на местото на Рамиз Мерко кој стана градоначалник на Струга и дали и кој ќе го пополни местото потпретседател на владата задолжен за реформи, коешто место и беше понудено на Алијансата за Албанците, засега нема конкретни решенија, посочија од Владата.

Слични содржини