Биковски го следи Заев, по Пуч сега ќе му биде обвинител за Поткуп

од Vladimir Zorba

Каде Заев е обвинет таму и обвинителот Златко Биковски. Откако Пуч го предаде на СЈО, сега Биковски дојде како в.д. раководител на обвинителството за организиран криминал и корупција да го застапува предметот Поткуп, бидејќи другиот обвинител кој до денес го застапуваше обвинението, Владимир Милошевски немал мандат од 30-ти ноември минатата година, информира Телма.

Одбраната на обвинетиот Зоран Заев бараше изземање на обвинителот Биковски, а тоа барање на крај на долгиот ден во судницата стаса во рацете на обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води Биковски и сега истото обвинителство ќе треба да расправа дали да го изземе својот шеф. За Заев, обвинетиот во Поткуп ова е доказ за апсурдната контрадикторност на македонското правосудство.

Одбраната и самиот Заев го бараат изземањето на Биковски затоа што сметаат дека и тој е дел од злосторничкото здружение кое со злоупотреба на јавното обвинителство политички го гони лидерот на СДСМ и за тоа имаат писмени докази кои ќе ги достават.

На судењето по вторпат не беше ни присутен ниту сведокот, струмички бизнисмен кој во рамките на посебните истражни мерки го снимал Заев во кабинетот како му нуди поткуп. Судијката беше подготвена да го почне процесот, но бидејќи барањето за изземање на обвинителот Биковски не беше одговорено-Поткуп е презакажан за 23-ти февруари.

Пред судот пред почетокот на судењето за Поткуп, беше екс разузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга, чии обвиненија за Пуч, СЈО ги повлече минатата недела.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини