Бред Пит ја даде својата изјава за одлуката на Анџелина Џоли за развод, минатата недела. Оттогаш кружат гласини дека тој е под истрага на ФБИ и социјалните служби за деца на Лос Анџелес, меѓутоа тие двајца не даваа никакви одговори.
Пит го прекина неговиот молк, вчера попладнето иако со неговата втора изјава за Access Hollywood, тој не спомна ништо во врска со гласините.
Наместо тоа, Пит ја извести јавноста дека нема да ја посети премиерата за прикажувањето на документарецот што тој го раскажува(каде најверојатно би бил изложен на прашања од новинарите).
“Voyage of time, е неверојатно убав и уникатен експериментален филм на ‘IMAX’ за деца и фамилии за хроника на раѓањето на времето. Јас сум многу благодарен што сум дел од толку фасцинантен и едукативен проект, но моментално сум фокусиран на мојата семејна ситуација и не сакам да го оттргнам вниманието од овој извонреден филм, кој препорачувам сите да го видите” напиша тој.
Веста дека Џоли и Пит ќе се разведуваат излезе на 20 септември. Актерката е незадоволна од начинот на кој Бред се грижи за нивните деца.