Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Kајмакоски не успеа да се пласира во евровизиското финале. И покрај тоа што Кајмакоски имаше одличен настап, сепак изгледа тоа не беше доволно за Македонија да обезбеди пласман за големото финале.

данКајмакоски на првата полуфинална вечер во Австрија настапи под реден број 8, а Македонија ја претстави со песната „Лисја есенски“ испеана на англиски јазик.

Десетте композиции, од вкупно 16-те кои бе изведени во првата полуфинална вечер, што се пласираа во финалето доаѓаат од Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија.

Ова е трета година како Македонија настапува само во полуфиналето на овој европски фестивал.

Слични содржини