Денеска нема да се одлучува за имунитетот на приведените пратеници

од desk4
106 прегледи

И покрај најавите дека ќе се одржи седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, најверојатно нема да се решава за имунитетот на приведените пратеници обвинети за настаните од 27 април.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски за А1он рече дека барањето се уште не е доставено до Комисијата, но тој е координиран со членовите и доколку биде доставено барањето Комисијата е спремна да започне со седницата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и неговата портпаролка не беа достапни за медиумите да ги информираат дали денеска ќе започне Комисијата за одлучување на имунитетите на приведените пратеници.

Слични содржини