Десетгодишно дете од Тексас направи гаџет кој ќе ги спаси децата оставени во кола на високи температури

од desk2

Десетгодишник од Тексас направи гаџет кој ќе ги спаси животите на децата кои несакајќи се заборавени и заклучени во автомобил. Во текот на изминатите две децении се зголеми бројот на деца кои починале од топлотен удар додека седеле заклучени вo автомобил.

Бишоп Кари од Тексас вели дека летните одмори ги поминувал работејќи на својот изум кој е мала црвена кутија со отвори од кои излегува ладен воздух кога ќе стане премногу жешко во автомобилот и има антена која ги предупредува родителите и итните служби.

Бишоп поднесол патент за својот уред, кој треба да му биде одобрен годинава. Идејата ја добил кога некое бебе од неговата улица починало додека било во автомобил. Бишоп и неговото семејство разговараат со повеќе производители кои сакаат да го откупат уредот кој тој го нарекол Oasis. Преку кампања за групно финансирање Бишоп собрал повеќе од 20.000 долари за да го финансира развојот на Oasis. Тој веќе има модел од уредот и собраните пари ќе ги искористи за да плати за прототипови и за производство.

Десетгодишниот Бишоп вели дека негов сон е да направи повеќе изуми кои ќе спасуваат многу животи. Oasis е така дизајниран да се постави на детско седиште за во кола./Independent

Слични содржини