ДИК: Излезеноста до 10 часот е 9,49 проценти од гласачите

од Vladimir Zorba

Гласачките места се отворени навреме, гласањето тече непречено и засега нема информации за некои поголеми нерегуларности, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски на прес-конференцијата во ДИК.

Во однос на одзивот на гласачите по Изборни единици до 10 часот, тој се движи околу 11 проценти. На ниво на целата држава, одзивот изнесува 9,49 проценти.

– Одзивот во Изборна единица (ИЕ)1 е (11,05 проценти), во ИЕ 2, (9,70 проценти), во ИЕ 3 (11,36 проценти), ИЕ 4, (11,29 проценти), ИЕ 5 (9,05 проценти) и ИЕ 6, (5,10 проценти) – изјави Чичаковски.

Во однос на пријавите на граѓаните, за повреда на избирачкото право, кои утринава ги упатија до ДИК, Чичаковски истакна дека „овие приговори ќе се обработат во рок од четири часа и ќе се одлучи по однос на нив“, за што јавноста ќе биде информирана.

Податоците од гласањето во дијаспората се уште се обработуваат и ќе бидат соопштени во текот на денот. Податоците од гласањето на затворениците, болните и раселените лица ќе бидат соопштени по 19 часот.

Следната прес-конференција во ДИК е закажана за во 14 часот./META
По изборни единици:

ИЕ1 11,05%

ИЕ2 9,7%

ИЕ3 11,36%

ИЕ4 11,29%

ИЕ5 9,05%

ИЕ6 5,1%

За дијаспората, како и за гласањето на болните, тој изјави дека податоците се уште се проверуваат.

Слични содржини