Димитров, по Виена заминува за Бугарија

од desk2

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во периодот од 14 до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Република Бугарија.

Од Министерството најавија дека Димитров за време на посетата ќе оставри средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов, и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во рамките на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за 14 февруари, предвидено е министрите да извршат размена на ратификациони документи на договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија на 15.1.2018 и во националното собрание на Република Бугарија на 18.1.2018.

По покана на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, Димитров на 15 и 16 февруари ќе учествува и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Слични содржини