Димовски: Нашиот став е многу променет, СДСМ нема потреба од опозиција

од desk2
131 прегледи

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го смени ставот за поддршката за предвидените реформи во владиниот план 3-6-9.

Илија Димовски за Алсат М потврди дека по последните случувања кои резултираа со одземање на имунитетот на 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, нештата се променети и дека од сега нема никакви гаранции дека ова партија ќе ги подржи потребните реформи за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

-СДСМ покажа дека нема потреба за опозиција во Собранието. Од сега па натаму се е можно. Нашиот став многу е променет, поради политичкиот реваншизам, вели Димовски.

Слични содржини