До денеска во ДИК се пријавиле 1519 иселеници за гласање на парламентарните избори

од desk3

Државната изборна комисија Ве известува дека е во тек пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и истото ќе трае до 11 ноември 2016 година.

izbori-1

            Заклучно со 26 октомври 2016 година, до 15:00 часот, можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 1519 граѓани на Република Македонија, од  кои прифатени се 977 пријави, 47 се одбиени, а 495 се во обработка.

 

Државната изборна комисија, ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

            Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

 

Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се следниве:

–          Лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава, со коja се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година,

–          Потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава,

–          Дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава,

–          Работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава,

–          Возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава,

–          Македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и

–          Друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

 

Слични содржини