Донесена одлука: Еве во која лига ќе игра Барселона ако Каталонија се отцепи од Шпанија

од desk2

Барселона е спремна за дијалог со Ла Лига, но не е исклучена можноста за преземање на нови мерки како што се затварање на вратите на „Камп Ноу“, кошаркарската сала и слично, изјави Маноло Оливерос.

Па така многу веројатно е дека би можела да се повтори ситуацијата од неделниот натпревар помеѓу Барселона и Лас Палмас кога трибините на „Камп Ноу“ беа празни, со цел да се привлече светско внимание на ситуацијата во Каталонија.

Притоа, истиот извор ја наговести намерата на клубот да продолжи да игра во Примера, Лига на шампиони и Купот на кралот, дури и ако Каталонија стане независна држава.

Извори од клубот тврдат дека Барселона планира да продаде неколку играчи во јануари со цел да донесе нови засилувања и дека ситуацијата околку новиот договор на Меси наскоро ќе биде решена./Спорт

Слични содржини