108
За следење на претстојните локални избори во Македонија, во ДИК досега се акредитирани 147 набљудувачи, од кои 75 се домашни, а 72 странски.
Најмногу набљудувачи – 50, пријавил Македонскиот центар за култура и развој, МОСТ 13, а Цивил – Центар за слобода 12.
Меѓу странските монитори најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР 35 и од Амбасадата на САД 24. Комисијата за изборни жалби и приговори на Косово ќе ги следи изборите во Македонија со шест набљудувачи, Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје со петмина, а Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС со двајца набљудувачи.
Покрај набљудувачите, досега се акредитирани и 123 преведувачи, како и двајца странски новинари.