„Јас, Дуфе Кукоски, во својство на генерален секретар на ЛДП, тврдам дека немало физички напад и не станува збор за никакви внатрешни табори и поделби, напротив – се работи за едно обично меѓусебно недоразбирање помеѓу мене, како генерален секретар на ЛДП и доскорешниот претседател на младината на ЛДП во контекст на раздолжување на партиски имот (партиско патничко возило и скутер)“, стои во соопштението испратено вечерва до медиумите.

duffee1

Претходно, пак, спротивно на ова, ЛДП потврди дека пред седиштето на партијата во центарот, денеска, околу 12 часот имало инцидент помеѓу тројца нивни членови.

Од ЛДП за Либертас велат дека жалат за инцидентот и тој и нанесува штета на угледот токму сега кога, како што велат, новото раководство ја консолидира партијата.

-Не очекував дека овој инцидент помегу тројцата мои сопартијци ќе се предимензионира и жалам што тоа се случило – ни изјави претседателот на ЛДП, Горан Милески.

Инцидентот се случил денеска, околу 12 часот, кога генералниот секретар на ЛДП, Дуфе Куковски, прво вербално, а после и физички ги нападнал сопартијците Бобан Јанковски, доскорешен председател на младите либерал демократи и Кире Секулоски, двајцата вработени во општина Центар.

Куковски им задал по неколку удари и заминал, а тие инцидентот го пријавиле во МВР.

Извори од партијата за Либертас тврдат дека генералниот секретар Куковски двајцата ги сметал за свои деца, но според него, ја подржувале струјата на екс лидерот Жерновски, и затоа им бил лут.

Тоа било причината што вербално и физички ги нападнал.

Слични содржини