Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин даде објаснување за два пати поголеми примања на рускиот претседател во текот на минатата година во споредба со 2013 година. Според декларацијата на Путин во 2014 година тој заработил над 7,5 милиони рубли, за разлика од претходната година, што е собрано само 3,6 милиони рубљи.


Според Владимир Песков причината за ова зголемување на платата на претседателот е растот на руската економија. Песков додаде дека Путин немал други приходи минатата година.
На 1 март 2015 година Путин нареди да бидат намалени за 10% платите на премиерот и министрите, вклучувајќи и неговата, но тоа ќе се рефлектира во декларациите за оваа година.
Имотната состојба на Путин не е променета од 2013 година Тој е сопственик на стан од 77 квадратни метри и земјиште во износ од 1.500 квадратни метри. На располагање на Путин е обезбеден стан од површина 153,7 квадратни метри и гаража со површина од 18 квадратни метри. Сите недвижности на претседателот на Русија се во неговата татковина. Претседателот е сопственик и на три автомобили од руско производство и еден караван “скиф”

Слични содржини