ФБИ проговори за нападите во Њујорк и Њу Џерси

од Vladimir Zorba

Не се дело на никкава  терористичка ќелија, велат од одделот
sad-politse

Човекот за кого се смета дека стои зад серијата експлозии и обиди за експлозии во Њујорк и Њу Џерси, можеби не е дел од терористичка мрежа, но на база  на претходни истраги има добри шанси тој да добил некаков вид на помош, пренесе радио Voice of America.
“Не располагам со индикации за  некава ќелија  да дејствува во реонот или во градот”, рече Вилијам Свини, помошник-директор на одделот на ФБИ во Њујорк. Така тој сакаше да ги неутрализира стравувањата само неколку часа по апсењето на 28-годишниот Ахмад Рахами по престрелка со полицијата .

Претставници на други федерални служби порано пред VOA ја елиминираа  идејата во САД да дејствува целосно подготвена терористичка ќелија, како оние во Европа, кои ги извршиле нападите во Париз и Брисел

Слични содржини