157
Илјадниците граѓани, организирани од страна на граѓанското движење „Протестирам“, кои петти ден протестираат против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на учесниците во скандалот со прислушкувањето веќе се пред Парламентот.
Претходно, тие прво се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство за да ја изразат поддршкатА за работата на оваа институција.
Граѓаните веат знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваат „Нема да ве аболицираме“, „Нема да ви простиме“,„Затвор за фашистите“ и „Поддршка за СЈО“.