Градоначалникот на Гази Баба пристигна во Апелациониот суд

од desk2

Во Апелациониот суд пристигна градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски.

Денеска во Апелациониот суд ќе се одржат пет седници на кои ќе се одлучува по жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство по изречените мерки на Основниот суд.

Вчера, тројцата обвинети, Горан Грујовски, Никола Бошковски и Тони Јакимовски заработија мерка притвор откако Апелација ја уважи жалбата на СЈО./a1on

Слични содржини