Градоначалникот Талески се прошетал од Општината до Судот и уредно се пријавил

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Битолскиот градоначаланик Владимир Талески денеска уредно се пријавил во Основиот суд во Битола со што ја испочитувал мерката за претпазливост дадена од Апелацискиот суд од Скопје по укинувањето на куќниот притвор.

vladimir-taleski-apelacija1

Портпаролот на Основиот суд во Битола, истражната судијка Милка Бизевска, за „Мета“ потврди дека Талески дошол и се пријавил во судот.

Талески денеска првпат се појави и меѓу граѓаните. Вработени во судот велат дека тој пеш дошол до судот, заедно со вработен од неговиот кабинет, и потоа пеш се вратил до Општината.

По укинувањето на притворот пред точно една недела, Талески првпат на работа се појави во петокот, но досега немал средба со новинари, а не се појавува ниту на јавни настани.

Градоначалникот е првоосомничен во случајот „Транспортер“ на СЈО, а заедно со него уште 22 лица се осомничени за криминал со бесплатен школски превоз во Битола, тежок 360.000 евра. На Талески првпат му беше одреден притвор на 16 јуни и потоаа двапати му беше продолжуван. По укинувањето на притворот, на 20 септември, Апелацискиот суд во Скопје му одреди мерка на претпазливост, односно двапати во неделата да се јавува во Основниот суд во Битола./Meта

Слични содржини