Грција денеска вратила 51 мигрант, меѓу кои и пет деца, назад во Турција, согласно договорот меѓу Европската Унија и Турција за спречување на приливот на бегалци преку Егејското море.

migranti-samos

Полицијата, како што пренесуваат медиумите, соопштила дека 23 лица се вратени во турското пристаниште Дикли, а уште 28 мигранти се вратени во пристаништето Гулук.

Според информациите, мигрантите кои биле вратени во Турција се со потекло од Бангладеш, Пакистан, Ирак, Авганистан, Алжир, Иран, Непал и Мароко.

Со денешните враќања, вкупниот број на мигранти кои досега се одведени назад во Турција изнесува 441 лице.

Повеќе од 54.000 лица во моментов се заглавени во Грција, откако европските земји ги затворија своите граници за бегалците./Мета

Слични содржини