Ви пренесуваме дел од интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за Дневник во кое тој испраќа закана до ДУИ.
Сепак, двојазичност на цела територија е нешто што е цел на ДУИ и албанските партии и можеби ќе направат с` што е во нивна моќ да ја остварат, макар и биле некој период во коалиција со СДСМ, па и по цена на помалку работни места за да го реализираат зацртаното.
-Двојазичност на цела територија и кантонизација не може да биде реализирано ако ВМРО-ДПМНЕ е против.
Како ќе го спречите тоа ако направат коалиција со СДСМ и сите албански партии?
-Знаат во ДУИ како.
Па, добро кажете ни и нам.
-Ќе ме разберете дека некои наши планови не сакам да ги откријам./цитира Либертас