Гвардиола за актуелната ситуација со Каталонија: Ова е тажен ден…

од desk2

Пеп Гвардиола денеска можеше да биде задоволен од изданието на неговиот Манчестер Сити во Премиер лигата, но остана разочаран од случувањата во својата земја Шпанија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој објави дека централната власт ќе и ја одземе автономијата на Каталонија, односно ќе организира нови избори поништувајќи ги досегашните регионални власти. Тоа предизвика реакција и кај Гвардиола кој отворено ја поддржуваше независноста на Каталонија.

– Денес е многу тажен ден за демократијата, мислев дека во 21. век такви работи не се случуваат, но за жал не сум бил во право. Каталонскиот парламент е постар од шпанскиот, единствено што сакавме е да биде чуен гласот на жителите на Каталонија. Можеби тоа ќе доведеше до независност или не, но мислам дека гласот на народот е поважен од кој и да е закон, денес е тажен ден и за Европа, – прокоментирал Гвардиола.

Слични содржини