Јоханес Хајндл, личниот претставник на министерот за надворешни работи на Германија пристигна во земјава. Од кабинетот на Иванов информираа дека тој попладнево ќе се сретне со Хајндл.

hajndl
“Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 19 мај 2016 година, четврток, ќе го прими амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија”- се наводува во соопштениот на претседателскиот кабинет.

Веднаш потоа Хајндл ќе има средба со спикерот Вељановски.
За време на минатат посета Хајндл не даде никаква изјава, само со соопштение до медиумите извести дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочи дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.

Комерцијална банка ги зголеми каматите на кредитите и на денарските штедни влогови

„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, стоеше во изјавата на Хајндл, лиферувана од Амбасадата на Германија.

Слични содржини