Специјалниот пратеник Хајндел попладнево закажа средба со лидерот на ДС Павле Трајанов

timthumb (12)

Специјалниот пратеник на Германија, Јоханес Хајндл во вторава  посета на Македонија , далеку поконкретен и раздвижен. Тој сега разговара со релевантните фактори во државата за да на крај ја соопшти позицијата од сумираните сознанија, предлози и  заклучоци. Напладне во Тетово тој  се среќава со Али Ахмети и Мендух Тачи, а попладне со лидерот на ДС Павле Трајанов.

Хајндел дводневната посета ја започна  вчера со средба со претседателот на државата,  од  која освен протоколарно соопштение нема ништо конкретно. Хајндл оствари едночасовна средба и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Пред медиумите не сакаше да одговори дали аболицијата е клучното прашање на неговата агенда за кое ќе разговара со политичките лидери од земјата.

– Очигледно е. Прашањата се очигледни, рече кратко Хајндл.

Попладнето на агендата на германскиот дипломат беа средбите со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Специјалниот пратеник на Берлин не дава изјави и е шкрт за медиумите. Единствено што вчера се извлече од него деа ја имаме пораката од Брисел од Могерини и Хан и тоа е тоа.

При неговата прва посета на земјава откако беше назначен за личен претставник на германскиот министер за надворешни работи во Македонија, Хајндл даде само писмена изјава за медиумите преку која порача дека дошол да се запозне со ситуацијата и да ги ислуша политичарите од земјава, а негова задача е да даде активна поддршка во напорите на ЕУ и на САД за надминување на кризата.

 

Слични содржини