Хан притиснал, Владата признала: 185 000 државна администрација, без јавни претријатија

од desk3
227 прегледи

 

Како што информираат извори од Брисел, при последната посета на државава, еврокомесарот Хан се интересирал за состојбите со администрацијата. Бидејќи во државава досега не се знае точната бројка на административци, Хан ја притиснал Владата да каже колку точно државни административци “тежат” на грбот на даночните обврзници. Поради затегната криза, Груевски морал да му соопшти дека во моментов граѓаните плаќаат 185 000 административци, и тоа без јавните претпријатија.

Han-Gruevski

Хан останал занемен од тоа, како може земја од 2 милиони луѓе да има толку администрација. Хан понатаму ги побарал и бројките од 2006 година, и констатирал дека тогаш имало 65 000 административци, а сега бројката е труплирана.

Поради ваквите состојби, Хан на партиските лидери им порачал дека ЕУ нема да штеди пари и ресурси за да се увери во легалноста и легитимноста на наредните избори, но и дека веќе нема попуштање за било кој рок.

Слични содржини