Храна која содржи повеќе витамин А од морковите

од Vladimir Zorba
741 прегледи

Веројатно неколкупати сте слушнале совети дека треба да јадете повеќе моркови, за да не морате да носите очила. Овој портокалов зеленчук навистина може да го подобри вашиот вид, бидејќи содржи голема количина на витамин А. Придобивките од овој витамин, сепак не се исцрпуваат само со заштитата на видот – тој го стимулира имунолошкиот систем и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.bc960406d849a1584f49ad2b2a7afe49

Постојат два типа витамин А, од кои едниот доаѓа главно од животинските производи (ретинол). Извори на другиот се растителната храна (бета-каротин). Иако и двата типа витамин А се важни, вие не треба да се потпирате само на морковот за да го снабдите вашиот организам со витаминот А.

Еве неколку видови храна, во кои всушност има поголемо количество од корисните материи отколку во половина чаша на сирови моркови (во која се содржат 0,534 милиграми бета-каротин):

1. Една чаша пире од тиква. Тиквата е добар извор на витамин А, без разлика како ќе ја конзумирате. Со помош на една чаша пире од тиква ќе си набавите 0,706 милиграми бета-каротин, пишува Womns’s Health. Дури во  питата со тиква има минимално количество од корисниот витамин, иако со него добивате и голема доза шеќер и масти.

2. Половина печен компир. Во слатките компири се содржат неколку витамини, меѓу кои и витамин А. Еден компир, на пример, обезбедува 1,096 милиграми бета-каротин, или 438% од дневниот препорачан внес на витамин А. И уште еден бонус – слатките компири содржат повеќе калиум отколку бананите!

3. Мала салата од кељ. Кељоте познат како “супер храна” и тоа со причина. Во него може да најдете рекордни 3,5 милиграми бета-каротин (четири чаши). Покрај тоа, конзумирањето на кењ, може да донесе уште 500% од дневната препорачана доза на витамин Ц и 3000% од овој витамин К!

4. Една лажица рибино масло. Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини, кои го зајакнуваат срцето, ја измазнуваат кожата и се борат со Алцхајмеровата болест. Во една лажица рибино масло се содржат четири милиграми бета-каротин, што е осум пати повеќе отколку што има во половина чаша моркови.

Слични содржини