Ако Германија престане да прима бегалци, а Унгарија ја затвори  вратата, тогаш Хрватска ќе прекине со  примањето  на мигранти од Блискиот Исток. Ова предупредување го упати хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остојич.

4443184

Во последните три недели во земјата пристигнале над 125 000 луѓе. Сите тие доаѓаат од соседна Србија. Остојич изјави дека е можно да биде искористен и коридор низ територијата на Словенија, ако таа земја е подготвена да прима бегалци. “Но, ќе видиме што ќе се случи, но Хрватска нема да биде жариште / hot spot /. Во моментов кај нас секој ден пристигнуваат по околу 6.000 лица и тоа не чини досега 22 милиони. Куни”, рече уште Ранко Остојич. Министерот соопшти дека мигрантите ја напуштаат Хрватска во рамките на 24 часа и дека само шестмина од нив побарале азил во земјата. “Во оваа фаза се врши прочистување на логорите во Грција и тоа е трка со времето по предупредувањето на Германија дека ќе ја затвори вратата, а Унгарија гради ѕид, а во исто време се очекува и построга контрола на грчко-турската граница”, истакна министерот за внатрешни работи. / Хина

Слични содржини