И Путин си има филм. Руската телевизија го купи филмот на Стоун за шефот на државата

од desk3

Рускиот државен “Први канал” го доби правото да го емитува во Русија филмот на режисерот Оливер Стоун “Интервју со Путин” (The Putin Interviews). Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на претставник на САД во тв компанија “Шоутаим”, која ги поседува правата.

Во САД, филмот  премиерно ќе биде прикажан  од 12 до 15 јуни на кабелска телевизија “Шоутаим”, која е дел од медиумската група Си-Би-Ес. Фрагменти од филмот веќе истекоа и стана јасно дека освен разговори за односите меѓу САД и Русија производството покажува како Путин тренира, како игра хокеј и го храни со моркови својот коњ, именуван по името на холандскиот физичар Јоханес Дидерик ван дер Ваалс.
Оливер Стоун и  продуцентот Фернандо Суличин во текот на две години зедоа над 10 интервјуа од претседателот на Русија. Тие добија невиден пристап до рускиот лидер. Последното од низата беше во февруари 2017.

Слични содржини