Исламска кавга С.Арабија- Иран: Иранците не се муслимани Vs На „лакомите тирани“ да им се одземат двете светилишта

од desk3

 

Врховниот саудиски верски поглавар Абдулазиз ал Шеик денеска ја заостри реториката кон Иранците нагласувајќи дека тие „не се муслимани“.

Неговата изјава уследи еден ден откако врховниот ирански водач Али Хамнеи изјави дека саудиските власти ги „убиле“ муслиманските аџии кои настрадаа минатата година на аџилак во Мека.

sunni-vs-shia

Ал Шеик изјави дека обвиненијата на Хамнеи „не се изненадувачки“ затоа што Иранците се потомци на „заратустријанците“ и поради тоа „не се муслимани“.

– Нивниот анимозитет кон исламот, а посебно кон сунитите е многу стар, додаде саудискиот голем муфтија.

Голем број Иранци се шиити, додека во Саудиска Арабија живеат поголем број сунити.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи го повика целиот муслимански свет да размисли дали Саудиска Арабија треба да управува со главните исламски светилишта Мека и Медина, бидејќи „заминувањето на аџилак го претвориле во туристичко патување“.

Хамнеи ја обвини Саудиска Арабија дека е одговорна за задушувањето на илјадници луѓе за време на аџилакот во 2015 година. Во стампедо при аџилак во Мека минатата година загинаа најмалку 2.456 луѓе, од кои најмногу 464 Иранци.

– Оние кои го претворија аџилакот во туристичко патување, оние кои не го кријат непријателството кон револуционерниот ирански народ, оние кои ја политизираат религијата, не се ништо друго освен кукавички злобни души, кои треперат при секој неуспех на големиот шејтан – САД, изјави ајатолахот.

Тој истакна дека „трагедијата во 2015 година не се совпаднала случајно со воспоставувањето на пријателските односи меѓу Ријад и ционистите. Саудијците заборавија на најстрашните страдања на Палестинците за слобода и независност“.

Ајатолахот Али Хамнеи е загрижен поради тоа што Иран не добил квота за аџилак оваа година, додавајќи дека единствено решение за сегашната ситуација е да им се одземат на „лакомите тирани“ двете светилишта и „да му се предаде оваа света одговорност на целиот муслимански свет“./МИА

Слични содржини