Истекува мандатот на СЈО

од Vladimir Zorba

Дали само државниот обвинител Марко Зврлевски ќе може да поднесува барање за заштита на законитоста, дури и за предмети на специјалната обвинителка Катица Јанева и дали ке се забрани употреба на “бомбите” како докази  во судските постапки- врховните судии по празникот во вторник ќе ја продолжат дебатата по овие две точки, кои со свои реферати на маса ги стави претседатлот на судот Јово Вангеловски.

За универзитетската професорка Беса Арифи нема дилеми дека прислушкуваните разговори можат да бидат доказ. Скопскиот апелациски суд веке се произнел позитивно во случајот Шпион каде исто така како доказ биле користени прислушкувани разговори и тоа е дел од судската пракса во земјава обајснува Арифи, а својот став го поткрепува и со пресуди на Европскиот суд за човекови права

Во пресрет на крајот на јуни, последен рок во кој Јанева може да поднесе обвиненија, според професорката Арифи се прават саботажи на работата на СЈО а последните чекори вели се правни акробации кои се полоши  и од минатогодишните аболици на претседателот

Претходно Врховен го отфрли барањето на СЈО за изземање на Вангеловски од одлучувањето за притворот во Труст. Не ги уважи ниту  17 приговори на судии од Кривичен кои се жали дека се деградирани или префрлани во други оддели спортивно на нивната волја но и приговорот на врховната судијка Лидија Неделкова која повеке нема да одлучува по предметите на СЈО  бидејки се е прераспределена од кривичниот во друг оддел./Телма

 

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 5614 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Слични содржини