Собранието на Република Македонија денеска, пред да го именува новиот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе ја одржи осмата седница на чиј дневен ред е именувањето заменици на генералниот секретар на Парламентот.
За заменици се предложени Мики Милковски од Ранковце, дипломиран правник, Маријана Кацарска од Струмица, дипломиран правник со положени правосуден, нотарски и испит за извршители, и Ермира Асани – Салија од Гостивар, дипломиран правник.
Пред пратениците во рамки на оваа осма седница се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог-законот за докторска дејност, дополнувањата на Законот за исплата на плати, измените на Законот за извршување, измените на Законот за јавно обвинителство,…, сите во прво читање.
На седницата се и предлог-измените на Законот за аудио и аудио-визулени медиумски услуги (АВМУ).