Избори 2016: Кампањи, средби, митинзи-Кој каде?

од Vladimir Zorba

Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.miting

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во во Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип.

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи митинг во Кочани на кој ќе се обратат, Павле Трајанов, носител на првата изборна единица, Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица, Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица и Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица.Митингот ќе се одржи во Мултикултурниот центар во Кочани,  со почеток од 18:00 часот.

Демократската партија на Албанците митинг ќе одржи во Матејче, Коалицијата за промени и правда митинг ќе одржи во Кочани, а Алијансата за Албанците ќе одржат митинзи во Брвеница и Желино.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

Слични содржини