Израелската армија уништила тунел на Хамас кој се протегал од Појасот Газа до Израел

од desk4

Користејќи нова техника, израелската армија соопшт дека уништиле тунел изграден од Хамас кој што се протегал од Појасот Газа до Израел. Тунелот навлегувал неколку стотици метри на израелска територија.

Според портпаролот на израелската армија, Џонатан Конрикус, припадниците на безбедносните сили користеле нова опрема за уништување на тунелите, истакнувајќи дека тунелот го откриле пред неколку месеци, но продолжиле да ги следат напорите на Хамас да го изгради уште повеќе.

Како што кажа тој, тунелот се уште не бил завршен, но бил значаен бидејќи располагал со електрична енергија, уреди за комуникација и систем за вентилација.

Тој бил оддалечен само еден километар од израелските населби.

Уништувањето на тунелот бил еден од врвните приоритети на изрелските сили, по инфилтрирањето на Хамас во земјата за време на војната во 2014 година.

Слични содржини