Јанева: Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски, а тоа што претседателот го снимал својот стан треба да биде предмет на психијатриска опсервација

од Vladimir Zorba

Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски, децидна е Катица Јанева, тој пак ја сменил бравата од својот стан, но и понатаму стравува за својата безбедност, информира ТВ24. Клучот се уште не му бил вратен. Јанева вели дека биле тајно снимани и повика надлежните да покренат постапка против екс претседателот ан Кривичен поради неовластено снимање.

„Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски. Да појаснам во моментот кога ние имавме наредба од суд да извршиме претрес во станот на Панчевски немаше потреба никаква да земаме безпотреба никакви ствари. Ние можевме да земеме се што е предмет на наредбата и се е одзмено со записник за претрес и тоа и го направивме, а тоа што претседателот го снимал својот стан треба да биде предмет на психијатриска опсервација“, вели Јанева.

Панчевски тврди дека претресот не бил во Кривичниот суд, туку лично тој бил предмет на претрес. Подготвен е да одговара снимките од неговиот дом.

„Јас се плашам за личната безбедност и мојот живот, кои се намерите да се одземе клучот од мојот дом? Јас сум спремен да одговарам за тоа што сум снимал, но тој видео надзор е поставен од поодамна бидејќи мајка ми која почина пред 20 дена боледуваше подолго време. Лицето коа го одзема клучот како што и се гледа на снимката е запишано на сите записници. Откако заврши претресот, пробав да заклучам но видов дека немам клуч и повикав бравар веднаш ја сменив бравата, а одземањето на клучот го приметив на видео снимката.

Јанева вели дека сите дејствија кои ги презеле се законски и во насока на утврдување дали Панчевски ја злоупотребил службената положба и давал доверливи податоци за осомничените и сведоците на СЈО, надвор од судот. Целата еуфорија околу претресот е поради како што вели Јанева, загриженоста и незадоволството на Панчевски поради професионалната работа на СЈО.

Од друга страна Панчевски се сомнева во законитоста на налогот со кој специјалните обвинители го вршеа претресот и наујавува кривични пријави за сите обвинители и истражители поврзани со претресот, но и за судијата од Гевгелија кој го одобрил претресот во четвртокот.

Слични содржини