Јани Макрадули е новиот замeник министер за животна средина

од desk3
214 прегледи

Јани Макрадули, е новиот замeник министер за животна средина. Со ова Макрадули се враќа во политиката. Тој својата политичка кариера ја започнал во 1996 година кога станал член на Советот на општина Центар од редовите на СДСМ. Во 2002 година бил избран за пратеник. По промена на власта во 2008 година станал потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 1999 до 2006 година бил избран во ИО на СДСМ, а од 2006 до 2009 бил потпретседател на партијата. Во 2012 година од страна на партијата бил кандидиран за градоначалник на Скопје. Тој е поранешен  потпретседател на Собранието се враќа во политиката како заменик министер за животна средина.

Заменик министер во МВР е техничкиот министер за внатрешни работи кој ја покрена постапката за одговорност на директорот за јавна бебедност Митко Чавков, Агим Нухиу.  Кире Наумов, министерот за финансии во Владата за спроведување избори се сели во Министерството за економија, а Владимир Лазовски глумецот од Театарот за деца и младинци ќе биде заменик министер за култура.

Слични содржини