Со сите колеги и во извршната и во законодавната власт имаме коректни и професионални односи, одговори денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање во врска со последните објавени од страна на СДСМ прислушувани разговори.

Во недостиг на идеи и конкретни предлози, нагласи Јанкулоска, Зоран Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните, подвлече, одлучија да објавуваат креирани, монтирани материјали набавени на незаконски начин.

– Со секое нивно наредно појавување во јавноста евидентен е стравот односно вознемиреноста кај Заев затоа што најверојатно станува свесен за сериозноста на кривичните дела кои му се ставаат на товар, изјави министерката Јанкулоска./извор А1Он

Слични содржини