Јазикот пречка во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

од desk2
Ќе ги сопне ли преговорите меѓу Зоран Заев и Али Ахмети новиот предлог закон за албанскиот јазик што лидерот нa ДУИ го испорача до Бихаќка. Либереален или пак закон преку кој ДУИ сака да избегне уставни измени, но пoследиците да бидат како да се отвори уставот.
Официјално никој не открива што има во него, ниту пак сака да го коемнтира – неофицијално во СДМС се толкуvа како ригорозно решение, во Мал Речица пак велат тоа е минималното што ќе треба СДСМ да го прифати за во ДУИ да падне одлука – дали пратениците ќе се потпишат за мандатот на Заев, информира ТВ24.
Ниту лидерот на СДСМ не сакаше да открие детали за законот, вели не го ни видел, но оптимист дека ако сепак може да се најде решение. Заев вели дека мора што поскоро да се дефинира новата Влада и избор на претседател на Собранието, бидејќи дишат во врат и роковите за локални избори.
„Се е прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она што претставува практична употреба на граѓаните од албанската заедница имајќи го в предвид и аспектот на граѓаните од другите заедници. Прва работа што ја гледаме е уставот, да не биде само хир и политизација“ – вели Зоран Заев.
Од Мала Речица пак велат законот е нивната црвена линија, го квалификуваат како либерален и закон што не предвидува менување на уставот. Според брифинзите од ДУИ името на решението останува закон  за употребата на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните. Со него според партиски информации од ДУИ се унапредува користењето на албанскиот јазик на ниво на цела територија во комуникацијата на граѓаните со органите на државната управа, се унапредува и користењето на албанскиот јaзик во судовите, како и во Владата, каде документите од седниците треба да бидат двојазични. Во однoс на Собранието од ДУИ велат да се допрецизира употребата која досега не се почитувала.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини