Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, Илија Јованоски, денеска пред салата „Македонија“ во Прилеп вети дека објектот што, според него, досегашниот градоначалник Марјан Ристески, го остави на забот на времето и ништо не направи ќе го претворат во спортско-рекреативен центар.
Ние сме овде пред сала „Македонија“ да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.
Овој центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика.
Зошто е битен ова центар, сите школски деца од 6 до 18 години имаат искривен рбет од 25 проценти.Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.
Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп“, изјави кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Илија Јованоски.