Кардашијан, наместо во судница, ќе сведочи од својот дом во Лос Анџелес.

од Vladimir Zorba

Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан, против разбојниците кои ја ограбија ќе сведочи од својот дом во Лос Анџелес. Таа не сака да патува во Франција само за судењето, па за среќа францускиот правен систем и овозможува таа да сведочи од дома.

Француското јавно обвинителство ги објави и имињата на разбојниците, група сочинета од 4 луѓе. Се работи за Флорус Х. (44), Јанус А. (63), Марсо Б. (64) како и братот на возачот на Ким, Гари Мадар (27).

Возачот на Ким беше ослободен од обвиненијата дека на крадците им давал информации за Кардашијан.

Разбојничката група и била веќе добро позната на полицијата.

Се проценува дека ловот бил во вредност од околу 9 милиони евра, а во текот на бегството разбојниците изгубиле еден дијамантски приврзок во вредност од 30.000 евра.

Слични содржини