Каталонската Влада:Стотици повредени при референдумот за независност

од desk2
111 прегледи

Каталонската регионална Влада соошти преку Твитер дека 337 луѓе се повредени во „насилствата на шпанската полиција“ за време на одржувањето на референдумот за независност.


Портпаролот на таа влада Жорди Трули ги објави тие бројки и на прес конференција на која ги обвини шпанските полицајци за бруталност. Трули го обвини и шпанскиот премиер Маријано Рахој дека е одговорен за насилствата.

Полициските службеници ги спречуваат луѓето да гласаат на референдумот кој официјален Мадрид го смета за неуставен, со одземање на гласачките ливчиња и кутиите со гласачки материјал.

Во регионалната престолнина Барселона полицијата користеше гумени куршуми и пендреци во текот на прореферендумските протести.

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека повредени се 11 полицајци, а замелничката премиер на Шпанија Сораја Саенц де Сантамарија порача дека полицијата делувала професионално и адекватно.

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт ја осуди акцијата на националната полиција и цивилната гарда која е испратена во Каталонија да го спречи гласањето.
„Неоснованата употреба на насилство на шпанската држава нема да ја сопре волјата на каталонскиот народ“, рече тој пред новинарите.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнацио Зоидо го обвини Пучдемон за „бесмислените случувања“ во текот на денот, а од цивилната гарда порачаа дека се „противеле на вознемирувањата и провокациите“ и дека своите должности ги обавувале за да го одбранат законот.

Слични содржини