Ќе го даде ли Иванов мандатот? Ќе гарантира ли Заев ?

од Vladimir Zorba

Сите одговори на Зоран Заев пред новинарите:

П1: Дали очекувате од Иванов да го даде мандатот?

Како што можеме досега да ги фатиме позитивните сигнали, верувам од наша страна како репрезенти на 67-те пратеници кој што побараа мандат, и од господинот Иванов преку неговите изјави, верувам дека сме на добар пат. Ние сме подготвени преку изјава, пишана, јавно, гласно да ги потврдиме уште еднаш пред господинот Иванов, нашите конечни дефинитивни и непоколебливи конфирмации или потврди за унапредување на унитарноста на Република Македонија, заштита на територијалниот итегритет, суверенитетот на Македонија, целосно почитување на Уставот и секако, отворање перспективи за нашата интеграција во НАТО и ЕУ, сето она што е важно за сите граѓани на нашата земја без разлика на нивната политичка, етничка, социјална припадност или слично. Македонија мора да оди напред и верувам дека преку меѓусебно разбирање и изнаоѓање решенија преку дијалог ќе ги водиме процесите од проста и едноставна причина, граѓаните се изморени од кризи, изморени се од насилства, очекуваат среќни моменти, очекуваат радости во оваа земја и секако очекуваат тие радости да ги почувствува секое семејство без разлика на кој дел од нашата убава земја се ноѓаат граѓаните.

 

П2: Велите дека е рано да се зборува за новиот состав на Владата, но еве денеска за прв пат зборувате во името на трите партии, па еве дали е договорена фомрмата на таа Влада?

Јас денеска зборувам во името на четири коалиции, еве така да ги кажам, или партии тоа е мојата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, која што сама има во неа неколку партии, но денеска за прв пат зборувам во името на сите. Јас се надевам дека ќе зборувам во името на сите и во иднина, заради тоа што 67-те потписи на пратениците којшто застанаа во потребата да се даде час поскоро мандатот, даваат доволно оптимизам да се надевам дека ќе успееме да се договориме со сите политички субјекти и така што и новата Влада да има 67 фиксно мнозинство, а се надевам дека со позитивни чекори и постапки од новата Влада ќе добиеме поддршка и од останатите пратеници кои што работат во Парламентот, а нема да бидат дел од новото Парламентарно мнозинство. Во многу од случаите ние ќе очекуваме и поддршка од идната опозиција, сите знаат дека реформите во правосудството се со двотретини, и ќе ни треба овде поддршката по пат на дијалог, разговори. Јас верувам дека не постои политички субјект во Македонија којшто не се залага за незавинсно правосудство во нашата земја. Враќањето на правдата и правната земја е императив, ако сакаме да бидеме стабилно општество, стабилна држава кое што рамноправно ќе се носи со сите современи земји којшто ги познаваме и кон којшто тежнееме.

 

П3: Кога очекувате Иванов да ве повика?

Верувам дека, логиката не упатува дека 10-те дена за Кабинетот на господинот Иванов, значат од објавувањето на Службениот весник, така информираа, тоа би било веројатно во понеделник, ако се случи во рокот од овие 10 дена, најверојатно на вториот или на третиот ден, јас ќе побарам средба, во името на лидерите на сите политички партии што стојат зад мнозинството, би го посетил господинот Иванов и уште еднаш да ја потврдам гаранцијата за сето она што е важно, се со конечна цел да не се губат повеќе денови во Македонија и ден поскоро да се додели мандатот. Истовремено, знаеме дека ние нема да трошиме 20 дена, никако, можеби 10, а можеби и помалку од 10 дена за да го составиме владиниот кабинет, владината програма постои за веднаш да се свика седница на Парламентот и согласно Деловникот за не подолго од 3 дена од свикувањето на таа седница да се избере новата Влада. Знаете дека пред нас се исправени големи очекувања на граѓаните. Еден дел се правно-формални, како што е локална самоуправа и промената на изборниот законик за закажување на нов период за одржувањето на изборите, имам намера во духот на традицијата, тоа да го правиме заедно со сите парламентарни партии, само така ќе биде добро за Македонија, а веднаш потоа да тргнме со она што значи мерки што живот значат за граѓаните. Економски мерки, реформи, дефинирање на законски решенија, отврање на дебата, транспарентност, одговорност и преку тоа да ги испратиме позитивните пораки што ќе значат чувствување на толку очекуваната слобода, демократија и нормализација на состојбите во Република Македонија.

 

 

Слични содржини