Keри Фишер примала кокаин, хероин и екстази пред својата смрт

од Vladimir Zorba

Извештајот од аутопсијата на актерката Кери Фишер покажува дека во нејзиниот систем имало присуство на алкохол и опијати, вклучувајќи кокаин, хероин и екстази. Резултатите од Токсикологија докажуваат дека пред да ѝ се слоши за време на летот на 23 декември актерката употребувала наркотични супстанции, а најверојатно кокаинот бил апсорбиран од системот  приближно три дена пред качувањето на авионот.

Како што објаснуваат од судската патоанатомија во Лос Анџелес сепак, дозата и времето на прием не можат да бидат одредени со апсолутна точност. Затоа и не може да се докаже до кој степен токму дрогата довела до фатален крај на актерката, која стана позната покрај улогата на принцезата Леа во сагата “Војна на ѕвездите”.

Локално потсетува дека легендарната Фишер почина на 60-годишна возраст во болница во Лос Анџелес на 27 декември, откако 4 дена пред тоа загуби свест за време на лет од Лондон.

По многу шпекулации, пред неколку дена излегоа првите резултати од аутопсијата која заклучи дека причина за нејзината смрт била ноќна апнеја. Тогаш судските лекари објавија дека за фаталната разврска имале придонес “и други недефинирани фактори” без да даде повеќе детали.

Во својот живот Фишер страдаше од биполарно растројство, атеросклероза и се лекуваше од кокаинова зависност во 80-тите години, но во пораката не се кажува дали и каков однос кон смртта има тоа.

Слични содржини