Ќе стивант ли дождовите , се прашуваат сите во поплавените подрачја на македонскиот Исток и Пелагонија. Временската прогноза за сега не им погодува. Јужни ветришта ќе го топат снегот а прогнозите се и дека викендов не очекува повторно обилен дожд.  Спасувачките екипи и на ЦУК ,на АРМ и локалното население сите се на терен  во борба со стихијата, но факт е дека штетите се огромни. За да се спречи поплавување на селата во Новаци од Црна Река вчера беше ископан канал на регионалниот пат Битола-Новаци. Со испуштање на водата, се очекува, да се избегне опасноста таа да влезе во куќите и да предизвика голема материјална штета.

bt 4

На местото каде што е прекинат патниот правец е поставен времен подвижен премин наменет само за пешаци.

Овој регионален пат исто така го користат и вработените во РЕК Битола за да стигнат до своите работни места, но сега преку временото решение се врши преземање на работниците од едната до другата страна и обратно.

Вчера градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски изјави дека сечењето на патот е неизбежен потег зашто ситуацијата е тешка.

– Во Новаци имаме изградено одбранбени насипи, но прелевањето на водата од едната на другата страна на патот беше неизбежен. Комуникацијата на населението меѓу општините Битола и Новаци во наредниот период ќе се врши по обиколницата што води кон селото Добромири, Агларци, Дедебалци, Добрушево до Тополчани, а оттаму граѓаните ќе можат да пристигнуваат во Битола, објасни Котевски.

Одлуката за сечење на регионалниот пат до РЕК Битола беше донесена по вчерапшниот состанок на регионалниот кризен штаб.

црвен крст

Хуманитарната акција за собирање пари, вода за пиење и средства за хигиена  која започна вчера  ќе трае до 15 февруари 2015 година.

Од Црвениот крст информираат дека во моментов има потреба за донации од вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја каде што водата не може да се пие поради излевањето на реките. Најалармантна е состојбата со пелагонските општини, со оглед на тоа што реката Црна се излеа во атарите на три села во општината Могила.

Од Центарот за справување со кризи веќе предупредија дека ако продолжат врнежите со ваков интезитет, голема е веројатноста цела Пелагонија да се претвори во езеро.

Слични содржини