Коневски: Ќе се гради прв Дневен центар за деца со пречки во развојот во Аеродром

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Коневски денеска најави изградба на првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во општина Аеродром.

– Доколку ја добиеме довербата од граѓаните Дневниот центар ќе го изградиме наредната година, за што ќе обезбедиме три милиони денари од буџетот на општината. Во него децата со пречки во развојот ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот, со цел да се намали нееднаквоста предизвикана од социјалната исклученост, рече Коневски на денешната средба со жителите на населбата „13 Ноември“.

Во оваа урбана населба, нагласи, ќе ги реконструираме сите детски и спортски игралишта, плочниците зад ТЦ „Три Бисери“, ќе изградиме парк за миленици, а во парковите ќе поставиме метални конструкции за вежбање.

Слични содржини