Контроверзниот Орбан на поминување за изборна поддршка на Груевски

од Vladimir Zorba
152 прегледи

 Котроверзниот унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој направи низа проблеми и поместувања во ЕУ демонстрирајќи блискост со Москва и пркос и непослушност кон Брисел,  денеска на поминување на  приватна предизборна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој се враќа од пат по азиските земји , но во знак на изборна поддршка на кратко ќе слета во Охрид да се поздрави со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, со оглед на тоа што нему му се одземени патните исправи  и не може да ја напушта Македонија.Ова најава никој ниту ја потврдува целосно ниту демантира.

Како што се дознава од извори на партијата, тие побарале средба, а Орбан ветил дека  ќе бил, не како премиер, тука во улога на лидер на Фидес, владејачка  партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии . Се тоа ќе било на ниво на меѓупартиска соработка, и затоа е изоставен каков било пречек и државен проткол.

Заради  обвиненијата  на СЈО лидерот Груевски пак  не може да патува надвор од земјата, за да вообичаено ги покани сестрински партии  да дојдат  на митинзите на ВМРО ДПМНЕ во Скопје, како што тоа се случи со Курц и други политичари на парламентарните избори , па во негово име пред два дена, партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав Спиро Ристовски, Никола Попоски и Александар Николоски имаше средба со делегација на партијата Фидес, на која што, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, од раководството на Фидес била  дадена безрезервна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и посакан успех на престојните локални избори. Во тој контекст  е и најавата дека Орбан ќе слета на кратко во Охрид, а  ВМРО-ДПМНЕ спремни за денеска  закажаа митинзи во Вевчани и Струга во рамките на предизборната кампања за локалните избори.
Инаку познато е дека унгарскиот премиер Орбан и пркоси на Европа,  а демонстрира поголема блискост со Русија и лидерот Владимир Путин, и противниците на политиките на Брисел, и е прв кој што стави ограда со бодликава жица и себично ја затвори државната граница на Унгарија за мигрантите, ставајќи ги во ризик другите балкански држави и препречувајќи го балканскиот пат на движење.
Во Македонија синоќа допатува и поранешниот словенечки премиер и лидер на СДП Јанез Јанша, кој денеска заедно со Орбан во Охрид ќе оствари средба со Груевски, каде се очекува да му биде дадена поддршка во пресрет на изборите.

Слични содржини