“Сега и Хенри Кисинџер му помага на Доналд Трамп да гради односи со Владимир Путин и повторно да започне дијалог со Кремљ” – пишува La Stampa.
Изданието потсетува дека за време на предизборната кампања Трамп не еднаш изјавил намера да се зближи со Москва, бидејќи нова студена војна на никого не е потребна. По изборите сепак Трамп стана порезервиран и веќе не гарантира успех на овој потфат.
Да дојде до спогодба со Русија и Путин на Трамп ќе му помага и поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер. “Откако тој го организира приближувањтое со Кина, за време на претседателствотото на Никсон, Кисинџер би се радувал да влезе во историјата како човек кој спречил нова студена војна” – пишува La Stampa.
Авторот забележува дека Кисинџер и Трамп ги поврзуваат и лични односи, затоа што често се сретнале надвор од работното време. Според поранешниот државен секретар, Вашингтон треба да го признае рускиот суверенитет врз Крим во замена за комплексниот договор кој може да се зајакне светската стабилност.
Русија и САД можат да соработуваат во Сирија, достигнувајќи до компромис по патот на поделба на земјата на сфери на влијание. Москва сака да ја задржи својата поморска база во земјата и барем за некое време да остави на власт Башар Асад.
Русија и САД можат да соработуваат и при решавање на либискиот проблем, смета La Stampa. Западот може да обезбеди учество на Калифот Хафтар – кој го контролира источниот дел на земјата и има помош од Русија – во управувањето на Либија. Во замена РФ ќе помогне во борбата против тероризмот во јужниот дел на земјата.
Истовремено советникот на Трамп за прашањата на националната безбедност Мајкл Флин не е уверен дека е можно да се обноват односите со Москва. “Трамп и Кисинџер сепак сакаат да видат какви карти држи Путин во рацете” – забележува La Stampa.