ЛДП го честита членството на Црна Гора во НАТО, Македонија да биде следна

од desk2

Либерално-демократската партија го поздрави приемот на Република Црна Гора за полноправен член на НАТО алијансата, со што ќе се стабилноста и безбедноста на регионот и смета дека Република Македонија, како држава-рекордер според должината на аспирантскиот статус, со вкупно 17 годишни акциони планови за членство, треба да биде идната членка на алијансата.

„Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ги исполни сите реформски императиви на алијансата, го смали буџетот за реформите на одбраната, покажа дискутабилни позиции во поглед на членоството на Република Македонија во НАТО и пермаментна критика на клучните членки на алијансата“, се вели во партиското соопштение.

Од партијата го охрабруваат новото парламентарно мнозинство и коалиционата влада да покаже поголема решителност, почитување и имплементација на евро-атлантските вредности наместо аморфната, сомнителна и анти-нато позиција, која без резерви ја истакнуваа двоецот Иванов-Груевски.

„ЛДП во координација со коалиционите партии, ќе преземе бројни иницијативи, со цел да покажеме дека местото на Македонија е во НАТО и дека во најкус временски интервал, идна членка од регионот на Западен Балкан ќе биде токму Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Слични содржини