Партијата на Македонците во Грција Виножито, членка на Европската слободна алијанса, по вторпат годинава му пиша писмо на старо-новиот грчки премиер Алексис Ципрас- јави 24 вести. 

vinozito2
Со него, му ја честитаат новата победата на изборите и уште еднаш изразуваат надеж дека наскоро ќе се отвори процесот за суштински дијалог за македонското етничко малцинство во Грција, како и за проблемот со Македонците – политички бегалци од Граѓанската војна.

– Нашата партија, од нејзиното основање никогаш не престана да се бори и да бара признавање на основните човекови права и еднаков третман на етничките Македонци во согласност со сите меѓународни и европски стандарди. Ние никогаш не смееме да заборавиме дека во нашата земја постојат многу националности, култури, јазици и култури, различни, а сепак исти, со еднакви обврски како граѓани, но за жал не со исти права – пишува во писмото.

Повеќе ТУКА

Слични содржини