Мицотакис со нова порака до македонските власти: Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен дека може да се скине

од Nikola Popovski

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис испратил нова порака до македонските власти околу реториката за Преспанскиот договор и користењето на уставното име на земјата.

„Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен дека може да се скине“, рекол Мицотакис во интервју за весникот „Та неа“.

„И ако отстапува од договорениот курс, треба да знае дека патот кон Европа ќе го најде затворен. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, додал грчкиот премиер.

Мицотакис во интервјуто говорел и за грчко-турските односи. Според него „пред две години рекол дека провокациите престануваат и почнуваат разговорите“.

Тој, исто така, појаснил дека „не се разговарало за пакет-решение“.

„Грција не ги заборава споровите со Турција, меѓутоа, тоа не значи дека треба постојано да живееме со прстот на чкрапалото. И бидејќи некои луѓе во Грција и Турција се хранат со грчко-турската криза, прашајте ги нашите критичари за резултатите од нашата политика, кои го гледаат намалувањето на имиграциските текови. Видете ја и позицијата на Грција во меѓународниот контекст. Конфронтација или обид за коегзистирање со нашиот сосед кога малку подолу на Блискиот Исток гори и кога во срцето на Европа беснее војна?“, додал Мицотакис.

Слични содржини